Писмо со смртни закани за играчите на Баерн Минхен

Германската полиција покрена истрага поради писмото кое пристигнало на адресата, на фудбалскиот клуб Сент Паули.

„Спасете ја лигата, спасете го фудбалот. Смрт за гнасните свињи од Баерн!“. Полицијата од Хамбург веднаш отворила истрага.

Во писмото смртни закани се испратени до играчите на Баерн: Роберт Левандовски, Мануел Ноер и Серж Гнабри.

Германските медиуми пишуваат дека полицијата сериозно ги сфатила заканите. Истрагата ја води криминалистичкиот оддел во Хамбург.

Баерн и Фудбалскиот сојуз на Германија не сакале да ги коментираат овие закани.

Треба да знаете
Последни објави