Бурата „Дадли“ предизвика големи проблеми во Велика Британија, а на своја кожа ја почуствуваа и ѕвездите на Манчестер сити, кои се враќаа од Лисабон, по што не успеаа да слетаат во Манчестер.
Авионот се обидуваше да слета во Манчестер, меѓутоа силниот ветар не му дозволи на екипажот да ја оствари замислената цел, по што капетанот на авионот и неговите колеги заминаа кон Ливерпул, каде што успешно слетаа.
„Може да потврдиме дека авионот кој ги возеше фудбалерите од Лисабон слета безбедно во Ливерпул, откако силен ветар го присили екипажот да се откаже од слетување во Манчестер“, објави англискиот шампион на социјалните мрежи.