Канје Вест го заследи Пит Дејвидсон на „Инстаграм“

Канје Вест сега го следи Пит Дејвидсон на „Инстаграм“ откако војуваше со него на платформата.

Раперот стана еден од 389.000 следачи на Дејвидсон откако комичарот (28) повторно се приклучи на оваа социјална мрежа во средата.

Дејвидсон, кој моментно е во врска со поранешната сопруга на Вест, Ким Кардашјан, не кликнал „фолоу бек“ за Вест.  Ѕвездата на „Сатрдеј најт лајф“ допрва треба да реши кого ќе следи или да објави фотографии по враќањето во апликацијата.

Според „Пејџ сикс“, потврдената инстаграм-страница на Дејвидсон со иницијалите pmd – била активирана во средата.

Треба да знаете
Последни објави