Актуелниот МВП во НБА-лигата, Никола Јокиќ, одигра уште еден брилијантен меч. Тој ја режира драматичната победа на Денвер Нагетс над Голден стејт Вориорс 117:116. Победата на Денвер им ја донесе Монтеј Морис, кој погоди за три со звукот на сирената.
Никола Јокиќ забележа 35 поени, 17 скока и осум асистенции. Последната асистенција беше клучна за победата. Брилијантната асистенција му овозможи на Морис да постигна тројка. Денвер ја украде победата во Сан Франциско. Во последната минута со серија 8:0, го презедоа водството 113:114. Потоа Кари ја врати предноста кај Вориорс (116:114). Сепак, на крајот победи Денвер Нагетс.
Покрај Јокиќ, кај Денвер се истакнаа Бирн Форбс со 22, Морис со 13 и Остин Риверс и Арон Гордон со по 10 поени. Голден стејт го предводеше Стеф Кари со 25 поени. Вориорс е втор на Западот (42-17), Деневер на шестата позиција (33-25).
Србинот продолжува да испишува историјата откако неодамн астана првиот човек во историјата на НБА лигата со повеќе од 9.000 поени, 5.000 скока и 3.000 асистенции на првите 500 натпревари. Ноќеска Јокиќ го надмина големиот Мајкл Џордан,откако на сите осум претходни натпревари во низа имаше најмалку по 20 поени, 10 скока и пет асистенции.
Серија од седум вакви натпревари досега имаа само тројца великани на оваа игра – Лери Бирд во 1982 година, Мајкл Џордан во 1989 година и Кевин Дурент во 2016 година.