Алиоски во 95 минута му донесе бод на Ал Ахли (ВИДЕО)

Денеска во рамките од 21 коло во најсилното фудбалско првенство на Саудиска Арабија ремизираа екипите на Ал Ахли и Ал Фејха.

Во првото полувреме домаќините постигнаа гол преку Брадариќ во 40 минута, но истиот беше поништен поради офсајд.

Потоа, во вториот дел Ал Ахли не реализираше пенал во 59 минута, не го реализираше Ал Сомах, казната стигна веднаш во следната минута кога гостите стрелаа за предност благодарение на погодокот на Мадаш.

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски кој го одигра целиот меч во финишот од средбата во 95 минута од пенал му донесе бод на домаќинот. За него ова е вкупно петти гол сезонава.

Кај гостите меѓу резервите беше новото засилување Александар Трајковски, но не доби минутажа.

Ал Ахли се наоѓа на осмото место со 25 бодови, два помалку од седмопласираниот тим на Ал Фејха.

 

Треба да знаете
Последни објави