Женската репрезентација на Канада во хокеј го освои златниот медал на Зимските олимписки игри во Пекинг. Канада ги победи САД во големото финале со 3:2. Со оваа победа Канаѓанките им се реваншираа на големите ривали за поразот во Пјонгчанг пред четири години.
Канада е најтрофејната нација во женскиот хокеј. На досегашните седум одржани олимписки турнири, Канаѓанките освоиле пет златни медали, вклучувајќи го и медалот во Пекинг.
Канда по првата третина стекна предност од 2:0 со головите на Сара Нурс и Мери-Филип Пулан. На почетокот на втората третина Пулан со својот втор гол ја однесе Канда на предност од 3:0.
Американките немаа намера да се предадат, во финишот на третината на 3:1 намали Хилари Најт. Во последната третина Американките играа подобро, но не успеаја да направат пресврт, успеаја само да го намалат резултатот на 3:2 преку Аманда Кесел.
Бронзата во Пекинг ја освои селекцијата на Финска.