Стриминг-сервисот „Парамаунт плус“објави огромен список нови серии и филмови пред неговото проширување во низа земји оваа година.
Плановите на платформата вклучуваат серија Sonic the Hedgehog, 14 нови South Park филмови, четири SpongeBob филмови и серија-претходник на филмот Sexy Beast од 2000 година.
Услугата е веќе дом на франшизата Star Trek и претстојното рестартирање на Frasier и адаптација на Halo.
Оваа услуга беше лансирана во САД минатата година и ќе пристигне во Обединетото Кралство ова лето, пренесува Би-би-си.
„Парамаунт плус“ троши многу за нови содржини во обид да се натпреварува со „Нетфликс“, „Амазон прајм видео“, „Дизни плус“ и „Епл ТВ плус“.
Според „Вараети“, „Парамаунт плус“ ќе има буџет од 6 милијарди долари за содржини до 2024 година.