Новак Ѓоковиќ вечерва има интервју на српската национална телевизија и зборува за последните случувања во Австралија.
Дали го гледавте финалето на Австралија опен?
– Не ми беше лесно, бидејќи сакав јас да бидам во финалето. Поради околностите што ги имав дома, морав да го гледам финалето, иако не сакав да го гледам. Мојот син и сопруга навиваа ентузијастички, секој за различен играч, па морав да гледам со нив. За разлика од мене што емотивно се дистанцирав од тој натпревар, мојата сопруга и синот воодушевено навиваа.
-Дали Австралија ќе ја паметите по добро?
– Секогаш ќе ја паметам по убавите работи! Доживеав многу незаборавни убави моменти таму. Немам ништо против народот на Австралија. Сакам да се вратам во Австралија и да го одиграм следниот Грен слем.
Новак го почна интервјуто со зборовите:
– Се чувствувам подобро отколку кога бев во Австралија. Животот продолжува.
Најдобриот српски тенисер во интервју за РТС зборуваше за сите случувања во Австралија, вакцинациите и многу други интересни теми.
Ѓоковиќ во вторникот даде интервју за Би-Би-Си, а сега за српската државна телевизија, објави српски Курир.