Михо Такаги (27) од Јапонија, ја прекина доминацијата на Холанѓанките во брзо лизгање. Таа го освои златниот олимписки медал на Игрите во Пекинг, во трката на 1.000 метри.
Такаги победи со нов олимписки рекорд 1:13.19 минути, пред Холанѓанката Јута Лердам.
Јапоната во Пекинг, прв пат во кариерата освои злато во индивидуална конкуренција, преходно во Пекин и пред четири години во Пјонгчанг, освои три сребрени и еден бронзен медал. Во кариерата има и златен медал во тимска потера од Пјонгчанг и сребрен медал во истата дисциплина на Игрите во Пекинг.
Трета во конкуренција на Такаги и Лердам заврши искусната Американка, Британи Боуви. За светската рекордерка на 1.000 метри, ова е прв олимписки медал.