Шоутајм“ го објави првиот трејлер за претстојната антологиска серија „Првата дама“, која ги следи претседателските парови низ американската историја.
Поранешните претседатели, првите дами, нивните семејства и колеги ќе ги глумат ѕвезди од А-листата. Семејствата Обама, Форд и Рузвелт се меѓу оние кои се прикажани во серијата од 10 епизоди.
Виола Дејвис ќе ја портретира Мишел Обама спроти О.Т. Фeгбенeл (Тhе Handmaid’s Tale) како Барак Обама. Лекси Андервуд („Little Fires Everywhere“) и Санија Сидни (King Richard) ги играат нивните ќерки, Малија и Саша.
Мишел Фајфер ја глуми Бети Форд, а Арон Екхарт е Џералд Форд. Помладите верзии на нивните ликови се Кристин Фросет и Џејк Пикинг. Дакота Фенинг ја глуми нивната ќерка Сузан.
Џилијан Андерсон ја портретира Елеонор Рузвелт, а Елиза Сканлен во нејзините помлади години. Кифер Сатерленд е Френклин Д. Рузвелт, Кристофер Пламер ќе го преземе постариот портрет.
Џереми Боб го портретира поранешниот претседател Теодор Рузвелт.
Арон Кули е сценарист на серијата. Добитничката на „Оскар“ и „Еми“, Сузан Биер („The Undoing“) ја продуцира и режира целата сезона 1.