Дејвис ќе паузира најмалку еден месец по повредата на стпалото

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Ентони Дејвис, поради повреда, најмалку еден месец ќе отсуствува од тимот.

Дејвис, се повреди пред три дена, во првото полувреме против Јута Џез. Дополнителните прегледи покажале дека го повредил стапалото. Лекарскиот тим на Лејкерси објави дека тој најмалку еден месец нема да биде во тимот.

Дејвис има големи проблеми со повреди од почетокот на сезоната. Веќе пропушти 21 натпревар..

Прогнозите се дека тој сега ќе пропушти 11 од последните 24 натпревари на Лејкерси, во регуларниот дел од сезоната. Крилниот центар, има просек од 23 поени, 9,7 скока и 2,9 асистенции по натпревар.

Лејкерси се деветти на Западот со скор од 27 победи и 31 пораз.

Треба да знаете
Последни објави