Елмас: Против Италија шансите се 50:50, нема да се предадеме предвреме

По подличниот настап за Наполи во ремито со Барселона во Лига Европа, нашиот репрезентативец, Елиф Елмас во изјава за медиумите од Апенините ја даде неговата прогноза по шансите на Македонија во полуфиналниот бараж против Италија за СП во Катар.

-Јасно е дека пласман на Мундијалот за нас би бил огромен успех. Ако ја поминеме Италија, во полуфиналето би било вистинско фудбалско чудо. Но, да бидам искрен, тоа е само еден натпревар и ништо не се знае. Ако лично се прашуваме, мислам дека шансите ни се 50:50. Нема да се предадеме предвреме, Македонија има свои шанси иако Италија е голем фаворит, изјави Елмас.

Македонија ќе и гостува на Италија на 24 март, во случај на победа во финалето од баражот би играла со подобриот од соочувањето на Португалија и Турција.

Треба да знаете
Последни објави