Пандев разочаран од односот на Џенова: Требаше да се пензионирам по ЕП

Легендарниот капитен на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, блескавата кариера ќе ја заврши во дресот на Парма. Пандев, во последниот ден од зимскиот преоден рок, направи изненадувачки трансфер во некогашниот великан на италијанскиот фудбал.

Пандев, во интервју за италијанските медиуми истакнал дека направил грешка што не заминал во пензија по Европското првенство, на кое Македонија дебитираше на големите натпреварувања.

„Сакав да останам во Џенова до крајот на сезоната, но ми стана јасно дека во клубот сакаат да си одам. Бев шокиран, немав друг избор, доколку останев ќе требаше да дремам на клупата. Ми беше тешко кога ја напуштив Џенова, четири дена не спиев по трансферот во Парма“м рекол Пандев и дополнил.

„Можеби направив грешка што не се пензионирав по Европското првенство. Имав желба да ја завршам кариерата пред навивачите на Џенова. Сега најважно е Џенова да опстане во лигата, доколку се случи тоа со задоволство ќе дојдам на стадионот да ги поздравам навивачите“.

Треба да знаете
Последни објави