Хамилтон: Никогаш не реков дека ќе се повлечам од Ф1, Мерцедес го претстави W13 E Performance

Формула 1 тимот на Мерцедес денеска го промовираше новиот болид за сезоната 2022 година.

Болидот W13 E Performance е направен според новите технички правила. Од оваа сезона Мерцедес реши да ја врати сребрената боја на болидите.

На презентацијата беше присутен и Луис Хамилтон, кој ја даде првата изјава за медиумите по контроверзниот финиш на ланската сезона, кога ја загуби титулата од Макс Ферстапен буквално во последните моменти од трката.

Седумкратниот светски шампион најави дека оваа година ќе атакува на својата рекордна осма титула. Бидејќи целосно се повлече од јавноста по ланските случувања во Абу Даби, започнаа шпекулации дека Хамилтон размислувал за повлекување од спортот.

-Јас никогаш не сум кажал дека сакам да се повлечам од спортот. Го сакам она што го правам. Тоа беше тешко време за мене и едноставно ми требаше момент да направам чекор назад, рече Британецот.

Оваа сезона Хамилтон ќе има нов тимски колега во таборот на Мерцедес, а тоа ќе биде Џорџ Расел, кој го менува Валтери Ботас.

Треба да знаете
Последни објави