Бред Пит ја тужи Анџелина Џоли, тајно го продала својот удел во заедничката винарија

Бред Пит поднесе тужба против поранешната сопруга Анџелина Џоли откако дозна дека таа тајно го продала својот удел во заедничкиот имот во Франција „Шато Миравал“ на руски олигарх.

Пит (58) поднел тужба против Џоли (46), откако открил дека таа склучила договор со рускиот олигарх Јуриј Сефлер, кој сега стана косопственик на замокот и на винаријата.

Бред во судските документи тврди дека тој и Џоли првично ја купиле винаријата во 2008 година за 28,4 милиони долари, во тоа време таа вложила 40 отсто од средствата (околу 11,3 милиони долари).

Бред сега сака судијата да ѝ наложи на Џоли да го поништи договорот откако Tenute del Mondo со судски документи обелодени дека таа ја финализирала продажбата без негово знаење.

Актерот го известува судот дека тој и Џоли се договориле да не го продаваат својот удел без согласност на другата страна.

Според документите поднесени до судот во Лос Анџелес, а до кои дојде „Њујорк пост“, Џоли профитирала од наводната продажба без знаење на Пит, ускратувајќи му го правото на согласност и правото на одбивање.

Треба да знаете
Последни објави