Едно поинакво издание на македонскиот првак на гостувањето во Нашице, за разлика од гостувањето кај Монпеље во Лигата на шампиони. По вторпат во само седум дена е поразен од Нексе со 28-25 во меч од СЕХА-лига.
Моралес со седум гола беше прв стрелец, четири запиша Оливие Њокас, додека голманите заедно 10 одбрани (Томовски запиша осум, Гогов две). Јагањац и Вејн беа добитниот тандем на противникот, заедно реализираа 13 погодоци.
Својата шанса за прв триумф во СЕХА-лига, Вардар ќе ја бара на следните мечеви.