Волф: Она што му се случи на Маси нема врска со одлуката што ја донесе Хамилтон

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, по денешната презентација на новиот болид, проговорил за отказот што вчера ФИА му го врачи на Мајкл Маси. Волф рекол дека заминувањето на маси нема никаква врска со одлуката на Луис Хамилтон да остане во Формула 1.

ФИА го разреши Маси од функцијата директор на трките, по хаосот што го направи во Абу Даби. Хамилтон тогаш остана без титулата, во последниот круг тој беше престигнат од Макс Ферстапен.

Од завршувањето на трката, до неделата, Хамилтон не се огласуваше во јавноста. Голем број медиуми тврдеа дека тој ќе ја заврши кариерата.

Шефот на Мерцедес, негирал дека заминувањето на маси, нема врска со одлуката што ја донел Хамилтон.

„Луис мораше сам да реши како ќе се носи со се она што се случи во Абу Даби. Исто и ние како тим моравме да донесеме некои одлуки. Продолживме понатаму. Она што се случи таму го оставивме во минатото“, рекол Волф и дополнил дека никогаш не се сомневал дека Хамилтон ќе вози и во новата сезона.

„Не размислував дека ќе заминев. На сите во тимот ни беше јасно дека му е потребно време да размисли. Мислам дека случувањата во Абу Даби го направија решителен, отпорен и многу посилен“.

Новата сезона во Формула 1 ќе започне на 20.февруари, во Бахреин.

Треба да знаете
Последни објави