Хокеарската репрезентација на Русија обезбеди пласман во финалето на олимпискиот турнир во Пекинг откако во второто полуфинале ја совлада Шведска со 3:2 и тоа по подобро изведување на пенали откако резултатот по регуларните 60 минути и продолженијата беше 1:1.
Русија во финалето ќе игра против Финска која беше подобра од Словачка и ќе има можност да ја одбрани титулата освоена пред четири години во Пјонгчанг. Човек на одлука беше Арсениј Грицјук кој го погоди одлучувачкиот пенал во осмата серија.
Во регуларниот дел од натпреварот, Антон Слепишев во втората третина го отвори резултатот, а Шведска до израмнувачкиот гол дојде на седум минути пред крајот на натпреварот преку Антон Ландер.
Откако немаше гол во продолженијата, патникот во финалето мораше да биде одлучен во пенал серијата која започна со две промашувања на Русите. Шведска погоди преку Лукас Валмарк, но Никита Гусев погоди за 1:1.Јоаким Нордстром погоди 1:2 во третата серија, по што следеа промашувања на двете страни.
Во последната серија Игор Јаковлев израмни на 2:2, а Ландер имаше можност во петтата серија да ја однесе Шведска во финалето, но не беше прецизен.
Потоа Гусев ги промаши двата пенали за Русија, додека на спротивната страна шансата не ја искористија Клинберг, Валмарк и Фриберг. Победата на Русија и ја донесе Грицјук во осмата серија.
Во првото полуфинале, Финска со 2:0 ја совлада Словачка.