Ријана го претстави својот фанки труднички стил во четвртокот попладне за време на прошетка во Њујорк.
33-годишната поп ѕвезда, која го очекува своето прво дете со раперот Асап Роки, го истакна стомакот со црни тренирки и леопард јакна што ја остави делумно откопчана.
Иако ѝ претстои мајчинство, Ријана, наводно, планира да издаде албум оваа година и е многу возбудена што ќе им понуди нова музика на своите фанови, пишува британски „Сан“.