Македонскиот нордиец, Ставре Јада го заврши настапот на Зимските Олимписки Игри во Пекнг и тоа со настапот на на трката на 30 километри во крос кантри.
Поради лошите временски услови, силниот ветар и ниската температура на воздухот, ФИС-Меѓународната скијачка федерација одлучи трката од 50 да ја скрати на 30 килметри, а истата нашиот Јада ја мина за 1:25:41.8 или 14:09:1 минути зад побендикот Александер Болшунов од Русија.
Ставре заврши како 56 од вкупно пријавени 61 натпреварувач, но ова негово време во Жангџиаку беше најдобар резултат кој еден македонски спортист во крос кантри го постигнал на ЗОИ.