Фудбалерите на ПСЖ го забележаа вториот пораз во Лига 1. „Светците“, вчера беа поразни во Нант со 3:1, иако парижаните по три месеци настапија со триото Меси, Мбапе и Нејмар од самиот почеток на натпреварот.
Нант со оваа победа се доближија до местата кои носат пласман во Лигата на шампионите. ПСЖ и покрај поразот ќе ја задржат двоцифрената предност во однос на Марсеј.
Нант за само едно полувреме го растури ПСЖ. „Канаринците“ два гола постигнаа во првите 15 минути, преку Коло Муани и Мерлин. Во првата минута од надополнувањето на времето во првото полувреме, Биас од пенал зголеми на 3:0.
На стартот од вториот дел, во 47.минута Нејмар ја намали предноста на Нант. Бразилецот во 59.минута не успеа да реализира пенал. До крајот Нант успеа да ја одбрани предноста.