Дамјан Стојановски ќе ги пропушти двата претстојни дуела од квалификациите за Светското првенство во 2023 година.
Тоа го откри самиот тој во изјавата по вечерашното финале од Купот на Македонија против ТФТ.
„Им посакувам среќа на играчите што ќе настапат на дуелите против Грузија и се надевам дека ќе остварат победи со што ќе не доближат до пласман во следната фаза од квалификациите за Мундобаскетот“, рече Дамјан.