Карл Ентони Таунс постана првиот центар кој победил во натпреварот за тројки на Ол-Стар викендот, домашната публика во Кливленд беше воодушевена со победата на своите момци во Skills Challeng, а врвот беше натпреварувањето во забивање, каде ниту еден од пријавените не доби максимална оценка.
Центарот на Минесота тимбервулфс, Таунс во финалето постигна 29 поени, што е најдобар резултат во историјата по настапот на Стеф Кари минатата година, а ги победи бекот на Атланта, Тре Јанг и Лук Кенард од ЛА Клиперс кои постигнаа по 26 поени.
-Среќен сум што победив. Си поставувам високи критериуми и жалам што не постигнав 30 поени – изјави Таунс.
Минатогодишниот финалист Оби Топин од Њујорк Никс беше најмалку лош од четворицата натпреварувачи во забивање. Топин во финалната серија освои 47 поени и го победи Андерсон од Голден Стејт кој имаше три неуспешни обиди за забивање, додека Кол Ентони не успеа да го изведе својот втор чин.
Пред импресивно жири составено од легендите Вилкинс, Томас, Дрекслер, Робинсон и Вејд, Топин конечно победи со забивање кое не воодушеви баш, но по прегледување на снимката можеше да се види дека откако ја протна топката низ обрачот, ја тапкаше таблата.
Во натпреварот во вештини трофејот му припадна на тимот на Кливленд (Гарланд, Мобли, Ален), пред тимот Адетокумбо и тимот на „новајлиите“.
Во натпреварот за кошаркарски вештини победи тимот на Кавс кој беше во состав Џарет Ален, Дариус Гарланд и Еван Мобли. Тие во финалето беа подобри од Рукс кој беше составен од Кејд Канингем, Скоти Барнс и Џош Гиди.