Новак Ѓоковиќ утре ќе настапи на првиот турнир во 2022 година, тенискиот спектакл во Дубаи.
На другиот крај на светот, на турнирот во Акапулко Данил Медведев е на чекор од победа со која ќе го симне Србинот од тенискиот трон на АТП листата.
Медведев е константен и заслужува да биде светски рекет број еден. Тоа ќе се случи порано или подоцна. Ако се случи неделава која претстои, јас ќе бидам првиот кој ќе му честита, коментира Ѓоковиќ.
Во првата рунда во Дубаи максимално мотивиран Ѓоковиќ се среќава со Музети.
Знаев дека можам да играм во Дубаи и моја прва цел беше да се појавам тука. Сега кога сум тука, можам да кажам дека сум добро подготвен, добро тренирав и возбуден сум што сум повторно на теренот. Ќе мора да ги почитувам правилата во месеците кои претстојат. Ќе видам на кои турнири ќе можам да играм, ќе играм секаде каде што ќе ми дозволат. Сега не можам да бирам како порано, ќе ме гледате онаму кадешто ќе добијам дозвола како тука, додава Ѓоковиќ, кој и понатаму одбива присилно да се вакцинира.