Канје се противи на обидот на Ким да го смени брачниот статус

Канје Вест официјално се спротивстави на барањето на Ким Кардашијан за укинување на брачниот статус додека се решава старателството над децата и поделбата на заедничкиот имот.

Нејзиниот правен тим претходно поднесе документи во суд, со барање прашањата за поделба на имотот и за старателството над децата да се решаваат одвоено.

Но, 44-годишниот рапер не се согласува со барањето на отуѓената сопруга да биде прогласена за сингл, според судски документи до кои дојде Е! News.

Правниот застапник на Канје во документите вели: „Предлогот на Ким треба да биде одбиен без предрасуди за да може Ким повторно да го поднесе со задолжителни корекции и барани услови наведени во предложената пресуда. Како втора опција, треба да се закаже рочиште во врска со овие дополнителни услови.”

Ким (41), основач на брендот „Скимс“, поднесе барање за развод од Канје пред една година. И покрај неговите обиди да ја придобие назад, таа е децидна дека ништо не може да го спаси нивниот брак.

Правниот тим на Ким го информираше судот дека на Канје му биле доставени документи во кои таа бара да биде прогласена за сингл пред формално финализирање на разделбата. Во документите до кои дојде „Радар-онлајн“ Ким наведува: „Каков било напор за брачно советување или помирување нема да има никаква вредност во овој момент.“

Треба да знаете
Последни објави