Најдобриот тенисер на АТП листата, Новак Ѓоковиќ ја оствари првата победа во првиот натпревар во 2022 година и тоа на турнирот во Дубаи од серијата 500.
Ѓоковиќ поради добро познати причини не можеше да настапи на Австралија Опен, па од Дубаи официјално ја започна оваа календарска година и тоа со триумф над Лоренцо Музети.
Новак имаше интересна битка со Италијанецот на Ролан Гарос минатата година, но вечерва првиот светски рекет немаше никакви проблеми и со 6-3 и 6-3 обезбеди место во наредната фаза каде ќе ги одмери силите со подобриот од пресметката Хачанов-Де Минор.
Инаку ова за Новак беше прв настап по 3 декември кога играше во Дејвис Купот, ама ако се суди по вечерашниот резултат паузата не оставила трага во неговата игра.