Дарко Радуловиќ повеќе не е тренер на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска му беше прекината соработката со клубот од Аеродром.
Главна причина за ваквата одлука на управата на клубот е неосвојувањето на трофејот во Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, каде што МЗТ беше поразен од ТФТ (66-80).
Во редовите на МЗТ Радуловиќ дојде пред почетокот на минатата сезона како помошник на Ѓорѓи Кочов, по чие заминување седна на клупата како главен стратег, на која остана до денеска.