Актуелниот бранител на трофејот во Лигата на шампиони, Челси славеше со 2-0 против Лил на првиот осминафинален натпревар.
Менаџерот на Челси, Томас Тухел одлучи да го истави најкапото засилување во клупската историја Ромелу Лукаку на клупата, но и без него „сините“ славеа. Каи Хеверц го откри резултатот во осмата минута, откако претходно имаше две добри шанси за гол.
Точка на победата на „сините“ стави Кристијан Пулишиќ во 63.минута по една одлична контра, што ја поведе Енголо Канте. Мал проблем за менаџерот Томас Тухел е тоа што на стартот на второто полувреме мораше да прави две принудни измени, бидејќи се повредија Матео Ковачиќ и Хаким Зијех.
Вилјареал и Јувентус ремизираа 1-1. Италијанците го открија резултатот по само 32 секунди игра на „Ел Мадригал“ со голот на Душан Влаховиќ.
Србинот стана дебитант со најбрз гол во историјата на Лигата на шампиони и го сруши претходниот рекорд на Андреас Мелер од 1995 година. Дани Парехо донесе израмнување за „жолтата подморница“ во 66.минута од натпреварот.