Грнчаров, кој е дете на Вардар и има над 100 настапи за Вардар, како и три шампионски титули во периодот од 2015 до 2017 година, се враќа кај црвено-црните како надополнување на клупата на најтрофејниот клуб во овој период за враќање на македонската гордост прво во прволигашката конкуренција, а потоа и кон старата слава.
Вардар денеска го промовира Грнчаров како нов член на црвено-црниот стручен штаб.