(Видео) Зверев полуде, со рекетот удираше по столчето на судијата-исфрлен од турнирот во Акапулко

Германскиот тенисер Александар Зверев, нема да може да го продолжи натпреварувањето во Акапулко. Тој е исфрлен поради неспортско однесување после мечот во дубл, кога со рекетот ја удираше столицата на судијата.

Тој во пар со Марсел Мел испадна од турнирот, а во четвртокот требаше да игра со Петер Гојовчик во сингл. Но, тоа нема да се случи.

Инцидентот се случи на крајот на мечот во кој Зверев и Бразилецот Марсело Мело беа поразени од Британците Гласпул и Финка Хелиовааре (2-6, 6-4, 6-10). Зверев ги загуби нервите на крајот од тај-брејкот, по топка за која мислеше дека е погрешно доделена.

„Види каде отскокна, 8-6 во тај-брејкот… Да ти е***, тоа е твоја е**** линија? З***** идиоту“, му викна Германецот на судијата, но тоа беше само вовед.

После скандалот, АТП нема да му дозволи на Зверев да го брани трофејот освоен минатата година. Зверев инаку во сингл одигра историски меч против Џенсон Бруксби, и беше завршен во пет наутро. Во моментов е трет тенисер на листата, а во кариерата освои 19 трофеи.

Треба да знаете
Последни објави