Дејвис: Среќен сум за победата, зад нас се тешки 15 дена

На прес-конференцијата по натпреварот своето задоволство го изнесе тренерот на ракометниот шампион Давид Дејвис Камара.

„Среќен сум за победата. Натпреварот беше многу тежок. Исто така играчите беа многу нервозни и мислам дека дуелот не беше многу убав за гледање, ама победа е победа.  За Загреб мислам беше сега или никогаш, но не победија. Ова е втора победа во ЛШ и задоволен сум. Имаме малку одмор по овој тежок февруари, имавме само два дена да се подготвиме за Загреб, но добро е што победивме. Сега имаме помирен распоред, во системот ќе влезат Додиќ и Крстевски, па ќе биде подобро. Многу тешки 15 дена се зад нас во кои игравме ист ракомет поради недостатокот на време, ама добро е што победивме“, изјави Дејвис.

Треба да знаете
Последни објави