„Симпсонови“ ја предвиделе и руско-украинската криза: Русија како СССР и Путин како Ленин

По нападот на рускиот претседател Владимир Путин врз Украина, твитерџиите масовно споделуваат сцена од „The Simpsons“, прикажана во 1998 година.

Авторите на серијата во една епизода го прикажале враќањето на Советскиот Сојуз и повторното појавување на Студената војна.

Во видеото што се споделува е прикажано како Западот се обидува да пронајде решение за да запре војна.  Станува збор за епизода емитувана пред 24 години. Во тоа време претседател на Руската Федерација бил Борис Елцин.

Епизодата го прикажува Хомер Симпсон како се придружува на морнарицата, Русија во Обединетите Нации го менува името во Советски Сојуз, има и марширање на војници, тенкови и повторно никнување на Берлинскиот ѕид.

Освен тоа, прикажано е и оживувањето на Владимир Илич Ленин. Ленин воскреснува и порачува дека „мора да го уништи капитализмот“.

„Дали „The Simpsons“ ја предвидоа кризата меѓу Украина и Русија?, „The Simpsons“ знаат се“, „Повторно го направија тоа“, коментираат твитерџиите.

И претходно се има случено обожавателите по секој светски настан да споделат различни сџени од серијата која се емитува од 1989 година, тврдејќи дека е полна со „предвидувања“.

Сепак, поголема е веројатноста дека историјата често само се повторува.

Алузиите за Русија од оваа анимирана серија се однесуваат на тоа како Русија моментално се однесува кон Украина и Западот. Рускиот претседател Владимир Путин во овој случај е персонифициран во Ленин, додека некои сметаат дека Путин повеќе наликува на руски цар.

Причина што ги поистоветуваат Ленин и Путин е заклучокот на Путин дека распадот на Советскиот Сојуз е најголемата трагедија на 20 век. Оттука и заклучокот дека актуелниот руски претседател сака да ја направи Русија таква каква што била за време на Советскиот Сојуз.

https://twitter.com/i/status/1496003007313772547

Треба да знаете
Последни објави