Џенифер Лоренс стана мајка

Ѕвездата на „Не гледај нагоре“ (Don’t Look Up) го доби првото дете со сопругот Кук Марони, со кој се омажи во октомври 2019 година, објавија таблоидите, пренесувајќи вест објавена од „ТМЗ“.

Оскаровката, наводно, се породила во Лос Анџелес во средата, но не е откриен полот.

„Дејли мејл“ стапи во контакт со претставниците на актерката за коментар, кои досега беа недостапни.

31-годишната актерка, која својот приватен живот го држи далеку од очите на јавноста, се најде на насловните страници на шоу-биз медиумите на почетокот на септември откако беше забележана во Њујорк со видлив труднички стомак.

Извори блиски до актерката тогаш открија за „Пипл“дека таа долго време сака да основа семејство и дека конечно го нашла вистинскиот партнер и едвај чека да има деца со него.

Треба да знаете
Последни објави