Лабуристите бараат „одземање“ на Челси од Роман Абрамович!

Пратеникот од Лабуристичката партија во Велика Британија, Крис Брајат, побара државата да го одземе фудбалскиот клуб Челси од Роман Абрамович откривајќи нови документи за неговата поврзаност со „режимот“ на Владимир Путин и „поврзаност со корупција“.

Според Брајант, документот од 2019 година покажува јасна врска на Абрамович со Путин и се прашува зошто досега не е направено ништо против 55-годишниот милијардер.

„Имам документ од 2019 од Хоум офис во кој се вели за господинот Абрамович: ‘Како дел од стратегијата кон Русија за таргетирање на нелегални финансии, Абрамович останува под интерес поради поврзаноста со руската држава’. Пример за тоа е што Абрамович на суд призна дека платил за политичко влијаие. Тоа е документ од пред три години. Секако, не смее да му се дозволи на Абрамович да поседува фудбалски клуб во оваа земја? Секако, треба да разгледаме за одземање на дел од неговите поседи, вклучувајќи го домот од 152 милиони фунти?“, вели Брајант.

Во 2011 година, пред Високиот суд во Лондон се тврдеше дека Абрамович го користел олигархот Борис Березовски за бизнис во државата каде што полицијата и судовите се корумпирани, и му предал 1.3 милијарди фунти на Березовски за да продолжи со својот стил на живот.

Според британските медиуми, Абрамович нема да може да живее во Британија во иднина, иако тој со месеци не беше влезен во земјата. Абрамович го повлече барањето за британска виза во 2018 и според шпекулациите зема израелски пасош.

Од Даунинг стрит одбија да коментираат: „Нема да коментираме на личности според такви документи“.

Треба да знаете
Последни објави