Американци се подготвени да го откупат Челси од Абрамович

Американски инвеститори се подготвени да го купат англискиот премиерлигаш Челси доколку Роман Абрамович реши да го продаде.

Ова откако британската влада постави огромни ограничувања и практично му забрани на рускиот тајкун Ромам Абрамович да дојде во Лондон.

Инвестициски фонд од САД е подготвен да плати 1,5 милијарди фунти за да го купи клубот од „Стемфорд бриџ“.

Абрамович го купи Челси во 2003 година, а според „Блумберг“ неговото богатство се проценува на околу 10 милијарди фунти.

Треба да знаете
Последни објави