„Парамаунт пикчрс“ најави дека снимањето на четвртиот фим од научнофантастичната сага „Ѕвездени патеки“ (Star Trek 4) ќе почне во 2022 година, без да информира за актерската екипа.
Иако нема детали за четвртото продолжнение, студиото навестува дека снимањето ќе почне годинава, а филмот најверојатно ќе пристигне во киносалите следната година. Сè уште се работи на сценариото, и не е познато колкав ќе биде буџетот.
Продуцентот Џ.Ј. Абрамс изјави: „Возбудени сме што можеме да потврдиме дека на повидок е нов филм ‘Ѕвездени патеки’ што ќе се снима до крајот на годината, а во кој ќе се појави нашата оригинална екипа.“