Тренерот на Милан, Стефано Пиоли беше бесен по 1:1 ремито на „Сан Сиро“ против Удинезе, сметајќи дека голот на гостите бил постигнат со играње со рака и дека ВАР системот повторно ги оштетил.
Иако поведоа со голот на Рафаел Леао, Дестини Удоџи израмни во второто полувреме откако ја „смири“ топката со рака, но и покрај проверката кај ВАР, судијата не беше повикан да ја погледне снимката.
— dribling.mk (@dribling2021) February 25, 2022
„Нема сомнеж дека фудбалерот на Удинезе даде гол со рака. Не верувам дека ВАР системот не го забележа тоа, така што ова беше сериозна грешка која влијаеше на резултатот. Да, точно е, немавме најдобар меч, но тој гол требаше да биде поништен. ВАР е тука за да нема вакви грешки, така што не е прифатливо повторно да бидеме казнети на ваков начин. Што ќе ни е ВАР ако не реагира?“, вели Пиоли.
Udogie to DAZN: “You hesitated in your goal celebration, did you think you scored with your hand? Yes because I saw the assistant referee undecided so I wasn’t convinced, but it went well.”pic.twitter.com/GVgL4iEZBU
— Milan Eye (@MilanEye) February 25, 2022