Американски инвеститори се подготвени да го купат англискиот премиерлигаш Челси доколку Роман Абрамович реши да го продаде.
Ова откако британската влада постави огромни ограничувања и практично му забрани на рускиот тајкун Ромам Абрамович да дојде во Лондон.
Инвестициски фонд од САД е подготвен да плати 1,5 милијарди фунти за да го купи клубот од „Стемфорд бриџ“.
Абрамович го купи Челси во 2003 година, а според „Блумберг“ неговото богатство се проценува на околу 10 милијарди фунти.