Шон Пен снима документарец за руската инвазија во Украина

Шон Пен е на терен во Украина за документарен филм за руската инвазија врз земјата, потврди претставник на Vice Studios за „Холивуд репортер“.

Истиот извор додава дека филмот е продукција на Vice Studios во соработка со Vice World News и Endeavor Content.

Канцеларијата на претседателот на Украина објави соопштение на Фејсбук во четвртокот за присуството на Пен во земјата и го пофали актерот за неговата работа.

„Режисерот специјално дојде во Киев за да ги сними сите настани што моментално се случуваат во Украина и да му ја каже на светот вистината за руската инвазија врз нашата земја. Шон Пен е меѓу оние кои денес ја поддржуваат Украина во Украина. Нашата земја му е благодарна за таквото покажување на храброст и чесност“, се наведува во преведеното соопштение.

Во соопштението се истакнува дека актерот ја посетил земјата во ноември 2021 година во подготовка за документарниот филм. Открива и дека во четртокот Пен го посетил Кабинетот на претседателот, присуствувал на брифинг со новинарите, а разговарал и со новинарите и војската.

„Шон Пен ја покажува храброста што им недостасува на многу други, вклучително и западни политичари. Колку повеќе има такви луѓе во нашата земја сега, вистински пријатели на Украина, кои ја поддржуваат борбата за слобода, толку побрзо ќе биде можно да се запре рускиот предавнички напад “, стои во соопштението што го пренесоа светските шоу-биз медиуми.

Треба да знаете
Последни објави