Алесандра Амброзио направи пауза од рекламирање на сопствената линија „ГАЛ Флорипа“ и за промена реши да позира во спортска облека „Ало“.
Бразилката носи бел кропнат топ без ракави, во комбинација со куси шорцови додека седи на стол. На најновата објава на социјалните мрежи ѝ даде наслов: „Летното ветре ме прави да се чувствувам добро“.
Брендот „Ало“, кој тврди дека шири свесно движење, е омилен кај познатите личности како Кендал Џенер и Хејли Бибер.
40-годишната дизајнерка на костими за капење, сопственик на „ГАЛ Флорипа“, со сестра си Алин и со најдобрата пријателка Жизел моментно е на одмор во Рио де Жанеиро, од каде што сподели неколку фотографии на својот инстаграм-профил.