Фудбалерите на Тотенхем експресно реагираа по зборовите на нивниот менаџер Антонио Контеи со убедливи 0:4 славеа на гостувањето кај Лидс во 27 коло од Премиер лигата.
Конте беше лут како рис по поразот на неговиот тим од Барнли пред три дена и се закани дека може да си замине од Тотенхем кого го нарече неамбициозен тим, а одговорот од фудбалерите дојде денеска кои убедливо го победија Лидс кој се наоѓа во лоша форма.
Тотенхем сите дилеми ги реши во првите 27 минути кога поведе со 0:3. Резултатот го отвори Мет Доерти, а потоа му асистираше на Дејан Кулушевски во 15 минута, за Хари Кејн во 27 минута да ги реши дилемите околу победникот.
Конечниот резултат го постави Хјонг-Мин Сон во 85 минута. Тотенхем по победата, има 42 бода за седмо место на табелата, додека Лидс остана на 15 позиција со 23 бода по петтиот пораз во последните шест средби.
Пред само четири дена Ливерпул му даде шест гола на Лидс, а денеска Тотнем му даде четири. На последните четири меча Лидс има исто толку порази со гол разлика од 17 примени и само два дадени.