Усик по примерот на Браќата Кличко: Се вратив во Украина

Актуелниот светски шампион во бокс во тешка категорија, Олександар Усик се врати во Украина сред војната со Русија.

Тој минатата недела беше во Лондон, но откако Русија ја нападна неговата татковина реши да се врати дома.

-Драга Украина и драги Украинци, некои пишуваа дека сум избегал од државата. Не е вистина. Бев на службен пат и сега се вратив дома. Пријатели, треба да се обединиме и заедно ќе го надмине сето ова. Соочени сме со големи потешкотии. Преплавен сум со емоции и многу сум загрижен за својата земја. Да ја запреме оваа војна сите заедно, рече Усик на „Инстаграм“.

Поранешните шампиони во бокс Владимир и Витали Кличко дури се придружија во армијата за одбрана на државата.

Треба да знаете
Последни објави