Рафаел Надал уште еднаш го надигра Данил Медведев. По триумфот во финалето на Австралија опен, Шпанецот го победи Медведев и во полу-финалето на турнирот во Акапулко.
Надал славеше над рускиот тенисер во два сета со 6/3, 6/3. Реализацијата на брејк топките го реши победникот во овој меч. Надал два пати му го одзеде сервисот на Медведев, додека тој не успеа да искористи ниту една од седумтте брејк топки што ги имаше во мечот.
Противник на Надал во финалето ќе му биде Камерон Нори. Британецот, во второто полу-финале го победи Гркот Стефанос Циципас со 6/4, 6/4.
Данил Медведев од понеделник на 28 февруари ќе биде на врвот на АТП листата, но само до 14 март и одземањето на бодовите од турнирот во Марсеј, кога Новак Ѓоковиќ една недела ќе се врати на првото место. После тоа, сè ќе зависи од развојот на ситуацијата на Мастерсот во Индијан Велс. За Ѓоковиќ тоа ќе биде 362. недела на прво место.