Рускиот милијардер Роман Абрамович по речиси две децении заминува од кормилото на европскиот и светски шампион Челси, откако бизнисменот беше протеран од Велика Британија поради војната меѓу Русија и Украина.
Абрамович испрати официјално соопштение преку социјалните мрежи на клубот и кажа дека го остава клубот во раце на хуманитарната фондација на Челси, зашто смета дека таа ќе се грижи како што треба за екипата.
„Во овие речиси 20 години како газда на Челси секогаш гледав како човек кој сака да го чува тимот и да му помага да биде успешен. Секогаш сум работел за доброто на екипата. Контролата врз клубот ја препуштам на хуманитарната фондација на Челси. Верувам дека тие луѓе се во најдобра позиција да се грижат за интересот на тимот, фудбалерите, стручниот штаб и навивачите“, соопшти Абрамович.