(Вознемирувачко видео) ММА борач буквално остана без око

Боречките вештини се место на различни бизарни и морничави повреди, што е и очекувано со оглед на природата на самиот спорт. Сепак, едно од најлошите досега се случи на синоќешниот настан PFL Challenger Series 2.

Станува збор за настан на ПФЛ преку кој тестираат талентирани ММА борачи кои со добри настапи можат да изборат место на главниот турнир во ПФЛ.

Американците Марк Мартин и Дилано Тејлор ги одмерија силите во борбата во полусредна категорија, а Тејлор славеше со технички нокаут по првата рунда.

Имено, се работеше за прекин на натпреварот од страна на лекарот. Окото на Марк Мартин било во толку лоша состојба што му испаднало од очната шуплина.

28-годишниот американски борец итно бил префрлен во болница, а голема е веројатноста да се здобил и со скршеница на јаболчницата.
Засега не се знае колку ќе биде напорна операцијата и какво закрепнување го чека.

Треба да знаете
Последни објави