Тој минатата недела беше во Лондон, но откако Русија ја нападна неговата татковина реши да се врати дома.
-Драга Украина и драги Украинци, некои пишуваа дека сум избегал од државата. Не е вистина. Бев на службен пат и сега се вратив дома. Пријатели, треба да се обединиме и заедно ќе го надмине сето ова. Соочени сме со големи потешкотии. Преплавен сум со емоции и многу сум загрижен за својата земја. Да ја запреме оваа војна сите заедно, рече Усик на „Инстаграм“.
Поранешните шампиони во бокс Владимир и Витали Кличко дури се придружија во армијата за одбрана на државата.