Доаѓањето на Чави Ернандез и новите „зимски“ засилувања го кренаа оптимизмот во Барселона, кој ќе биде уште поголем по убедливата 4:0 победа над Атлетик Билбао на „Ноу Камп“ во неделата навечер, нивни трет триумф во последните четири меча.
Водство за Каталонците донесе Пјер-Емерик Обамејанг во 37. минута од мечот, што беше негов петти гол во три меча за Барселона, пред во последните 15-тина минути од мечот, Барса целосно да го декласира својот противник.
„Отпишаниот“ Усман Дембеле во 73. минута од мечот зголеми на 2:0, за потоа во 90. минута да му асистира на Лук де Јонг за 3:0, и во 94. минута на Мемфис Депај за охрабрувачка победа на Блауграна. Со трите поени, Барса се искачува на четвртото место на табелата со 45, само еден зад Реал Бетис, и со ист број на поени како Атлетико Мадрид зад нив. Атлетик се осми со 37 поени.