Голманската легенда, Џанлуиџи Буфон, го продолжи договорот со Парма. Буфон на „Енио Тардини“, ќе остане до јуни 2024 година, кога ќе има полни 46 години.
Буфон, минатото лето се врати во Парма, клуб во кој ја започна својата неверојатна фудбалска приказна. Џиџи сака да и помогне на Парма да се врати во Серија А. Според резултатите тоа нема да се случи оваа сезона.
„Секогаш можам да го дадам најдоброто од себе“, рекол Буфон.
До крајот на сезоната, соиграч на Буфон ќе му биде Горан Пандев. За разлика од Џиџи, Пандев по завршувањето на сезоната ќе стави крај на кариерата.