Линда Евангелиста: Завршив со криењето

Линда Евангелиста е фотографирана првпат по објавувањето дека завршила со криењето по неуспешниот козметички зафат.

Нејзиното лице остана трајно деформирано од естетската постапка што ја направи пред шест години.

56-годишната Евангелиста, која се прослави заедно со Наоми Кембел и Синди Крафорд како супермодел, во септември откри дека е брутално изобличена од нуспојава на постапката CoolSculpting.

Постапката требаше да ги намали маснотиите од определени делови на телото, но Линда развила парадоксална хиперплазија на масното ткиво – редок негативен ефект, кој всушност предизвика зголемување на масните клетки.

 

А сега некогашната икона на модните писти, која ретко се појавуваше во јавност од 2016 година, беше забележана минатата седмица во Њујорк.

Една од легендарните супермодели во раните 90-ти.

Треба да знаете
Последни објави