Хелен Мирен во една прилика му рекла на Вин Дизел дека нејзина голема желба е да стане дел од тимот на „Брзи и бесни“.
76-годишната актерска легенда откри дека сака брзо возење и го замолила Дизел (54), кој го портретира Доминик Торето во акциониот блокбастер серијал, да ѝ помогне да добие улога.
Во интервју за „Холивуд репортер“ Мирен рече: „Не го прашав, го молев! Мислам дека бев на некој настан, и тој беше таму, се запознав со него. И бев бесрамна: сакам да бидам во некој од твоите филмови, те молам види дали може да бидам дел од тимот.“
„Ќе видам што можам да направам, рече Вин. И тој го направи тоа за мене. Ми ја најде оваа одлична мала улога, која беше совршена. Едноставно никогаш порано не сум направила такво нешто – еден од оние големи филмови. А всушност, сакав возење, навистина сакав да возам брз автомобил.“
Холивудската ветеранка го имаше своето деби во „Судбината на бесните“ од 2017 година како Квини, мајката на Декард, Овен и Хети Шо, и продолжи да глуми во „Хобс и Шо“ од 2019 година, како и во деветтото продолжение „Ф9“.